- Град на четири империи
Една од 7-те причини да го посетите Истанбул е историскиот поглед на овој град. Истанбул, главниот град на четири големи империи како Римската империја, Византиската империја, Латинската и Отоманската империја има богата историја во сите правци. Овој легендарен град, кој има многу градби поврзани со овие цивилизации, ви нуди премногу можности за културно и историски поглед на вашето патување во Истанбул.
- Истанбул, каде Азија се среќава со Европа
Истанбул е фасцинантен град кој нуди спој на два континента: Азија и Европа. Можете да ги поминете водите кои ги делат Азија и Европа и да уживате во убавината на крстарењето по Босфор.
3.Џамии
Истанбул, Света Софија
Одењето во Истанбул значи посета на прекрасните палати и барем некои од бројните џамии, оние прекрасни градби кои влеваат восхит, понизност и длабока почит. Изворите велат дека ги има околу 3000, но секојдневно се градат нови, па статистиката брзо се менува. Таа бројка покажува дека исламот е доминантна религија во Турција 99% од населенитео е со муслиманска вероисповед , а џамијата е најраспространета институција.
Најпознати џамии се: Света Софија, домот на отоманските султани Палатата Топкапи, со својата сина керамика: Султан Ахмет џамија („Сина џамија“), Нова џамија, џамија Сулејманије (Suleymaniye Camii) и џамија Долмабахче .
4. Кулата Галата

Кулата Галата (турски: Galata Kulesi) – наречена Christea Turris (латински: Tower of Christ) е средновековна камена кула во квартот Галата, на север од Златниот рог. Тоа е една од највпечатливите глетки на градот, тоа е висок цилиндар покриен со конусен покрив кој доминира во погледот и нуди панорамски поглед на стариот дел на Истанбул и неговата околина. Деветкатната кула е висока 66,90 метри (62,59 м без украси на врвот, 51,65 м на палубата за набљудување), таа била највисоката градба во градот кога била изградена. Кулата има надворешен дијаметар од 16,45 метри во основата, 8,95 метри во дијаметар, а ѕидовите се дебели 3,75 метри.
На горните катови има ресторан и кафуле кое нуди прекрасен поглед на Истанбул и Босфор.
5.Вкусна традиционална турска храна
Во Истанбул можете да ја најдете најдобрата турска храна со одличен вкус. Треба да пробате традиционална турскахрана како што е менеме,лахмаџун, пиде, ќебапи и секако десерти. Исто така, можете да ја вкусите и вкусната улична храна БАЛИК ЕКМЕК (риба во леб).
6.Капали чаршија
Големата чаршија (Kapali Carsi) е многу лесно да се најде но многу потешко е да се излезе од неа… Таа е мал град сама по себе со километри и километри „преполни“ улички (повеќе од 60 улици од кои две се главни), џамии, банки, ресторани и над 4000 продавници. Големата чаршија е најголемиот покриен пазар во Турција, рај за пазарџиите поради богатата понуда на турски тезги со облека (секакви ткаенини, кожа, волна), накит, сервиси за кафе и чај од бакар, керамика (прекрасни украси за секоја кујна, доколку имате слободни полици), зачини и уште многу производи кои можете да ги најдете во најголемата чаршија Капли. За да се прошета целата чаршија сигурно би требале да одвоите цел ден.Капали чаршија не равоти за празници
7.И секако турско гостопримство
Турците се познати по гостопримството. Cе жртуваат за на најдобар можен начин да ги забавуваат своите гости и да вложат максимална грижа и труд. На пример, кога ќе влезете во продавница, дури и да не сте редовен муштерија, ви нудат чај или познатото турско кафе.
8.Кадикој
Кадикој е раздвижен кварт лоциран на азиската страна на Истанбул, Турција. Тоа е жива населба со културни знаменитости, вкусна храна и фасцинантни глетки. Ако планирате патување во Истанбул, во оваа статија собравме некои од најдобрите работи што треба да ги направите во Кадикој. Но, пред да копаме, ајде да го погледнеме Туристичка пропусница во Истанбул.
Ако планирате патување во Истанбул, на Туристичка пропусница во Истанбул е задолжително. Оваа пропусница им овозможува на посетителите пристап до 100+ од најдобрите атракции во градот, вклучувајќи музеи, историски места и културни искуства. Со Туристичка пропусница во Истанбул, ќе добиете и водич кој ќе ви помогне да се движите низ градот и да го искористите најдоброто од вашето време таму. Плус, пропусницата вклучува попусти за дополнителни активности, како што се патувања со брод и шопинг.