Menu

Барселона во Ноември 2025 (13.11.2025 – 16.11.2025)

цена од

499

EUR

сега од

449

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
13.11.2025
16.11.2025
Авион
Хотел

Барселона или „каталонската кралица“ е четвртиот најпосетуван град во Светот. Величествен град со прекрасна убавина, кој живее 24 часа дневно. Уживајте во прошетката низ главната градска улица „Ла Рамбла“, застанете покрај живописните човечки статуи или некој од многубројните улични сликари или пак прошетајте низ Готскиот кварт. Уживајте во уметноста на Антонио Гауди и неговата ексцентрична катедрала „Саграда Фамилија“ и паркот „Гуел“. А ако сте навивач на Барселона, тогаш стадионот „Ноу Камп“ е место, кое треба да го посетите.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 449 €

ЗА ПРВИТЕ 8 ЛИЦA

РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ : 499 €

Што е вклучено во цената

*Авио билет Скопје – Барселона – Скопје

*Рачен багаж до 8 кг.

*Организирани трансфери: аеродром – хотел – аеродром

*3 ноќевања со појадок во HOTEL BEST AUTO HOGAR 3* ,

*Организирани прошетки според програмата со придружник од агенцијата

*Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Што не е вклучено во цената

*Чекиран багаж, цена 3-4 дена пред полетување

*Туристичка такса се плаќа во агенција – 4 € по лице на ден,

*Билети за јавен превоз со метро

*Патничко осигурување

*Доплата за еднокреветна соба – 150 €

ФАКУЛТАТИВИ :

*Организиран разглед на Барселона со водич  – 25 € – ЗАДОЛЖИТЕЛНА ФАКУЛТАТИВА

*Посета на Парковите на Барселона (Цитадела, Шпанско село, Тибидабо) трансфер, водич и влезници – 75 €,

*Посета на парк Гуел  – 28 €  (влезница + пратител од агенција)

*Фламинко шоу со пијалок – 55 €,

*Аквариум  (влезница и претставник од агенција) – 35 €,

План и програма

1 ден: (13.11.2025 – четврток) СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА

Состанок на групата во 16:30 часот на аеродромот во Скопје.Полетување за Барселонa во 18:30 ч. Пристигнување во Барселона во 21:20 часот. Трансфер до хотелот и сместување во HOTEL BEST AUTO HOGAR 3***. Ноќевање.

2 ден: (14.11.2025 – петок) БАРСЕЛОНА (ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД, АКВАРИУМ, МАРЕМАГНУМ)

Појадок во хотел. Факултативен панорамски разглед на Барселона со метро: плоштадот Каталонија,  авенијата Рамблас, Споменикот на Колумбо, Каса Мило, катедралата Саграда Фамилија … Слободно време а потоа ќе имате можност за факултативна посета на Аквариумот (http://www.aquariumbcn.com/en) – еден од најголените и најубавите аквариуми во Европа. Следува слободно време за индивидуални активности и можност  за посета на шопинг центарот „Маремагнум“  за кафе пауза или  шопинг. ..Индивидуално враќање во хотел. Навечер Ви препорачуваме индивидуална посета на Шпанскиот плоштад и на Магичните фонтани. Ноќевање.

3 ден: (15.11.2025 – сабота) БАРСЕЛОНА (3 ПАРКА – ЦИТАДЕЛА, ШПАНСКО СЕЛО И ТИБИДАБО - ФЛАМЕНКО)

Појадок во хотел. Денешниот ден е предвиден за факултативна посета на трите најпознати паркови во Барселона. Почнуваме со паркот Цитадела а потоа се упатуваме кон Шпанското село и го посетуваме овој музеј на отворено. Настанато во 30-тите години на XX  век, како изложба, која требало да ги обедини и прикаже основните карактеристики и разноликоста на селата во Шпанија.За крај се упатуваме кон Тибидабо од каде е најубавиот панорамски поглед на градот. После 6 часовна обиколка на парковите следува време за слободни активности.Враќање во хотел со метро.Во вечерните часови организирана факултативна Фламенко вечер, каде ќе имате можност да уживате во прекрасното Фламенко шоуто. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

4 ден: (16.11.2025 – недела ) - БАРСЕЛОНА (ЗООЛОШКА ГРАДИНА и ПАРК ЦИТАДЕЛА)

Појадок во хотел. За денешниот ден е предвидена индивидуална посета на најпознатото дело на Гауди, паркот Гуел, кој е едно од најголемите ремек дела на Антони Гауди и место каде најдобро се реализираат неговите идеи за единството на уметноста и природата. Слободно време за индивидуални активности. Индивидуално враќање во хотел. Организиран трансфер до аеродром, полетување за Скопје во 21:40. Пристигнување во 01:00 часот.

Сместување

HOTEL BEST AUTO HOGAR 3*

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

ВАЖНА НАПОМЕНА : ПОРАДИ ПОТРЕБА ЗА НАВРЕМЕНО РЕЗЕРВИРАЊЕ НА ТРАНСФЕРИ И ВЛЕЗНИЦИ ЗА НАВЕДЕНИТЕ ФАКУЛТАТИВИ, КЛИЕНТИТЕ МОРА ДА СЕ ИЗЈАСНАТ ЗА ИСТИТЕ ПРИ РЕЗЕРВАЦИЈА НА ПАТУВАЊЕТО. РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВИТЕ ЗАВИСИ ОД БРОЈ НА ПРИЈАВЕНИ ПАТНИЦИ (МИНИМУМ 16) И ДОСТАПНОСТ НА ВЛЕЗНИЦИ ВО МОМЕНТОТ НА РЕЗРВАЦИЈА. НЕ ГАРАНТИРАМЕ ВЛЕЗ ДОКОЛКУ КЛИЕНТОТ СЕ ОДЛУЧИ ЗА ПОСЕТА НА ФАКУЛТАТИВА НА ЛИЦЕ МЕСТО.
РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОГРАМАТА НЕ ЗАВИСИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ФАКУЛТАТИВНИТЕ ПОСЕТИ !!

 

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА Ескејп Травел
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 20 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или  хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред  датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

 

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. Ескејп Травел

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Организиран разглед на Барселона со водич (ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЕКСКУРЗИЈА)

Цена за пакет: 25 €

Посета на Парковите на Барселона (Цитадела, Шпанско село, Тибидабо) трансфер, водич и влезници

Цена за пакет: 75 €

Посета на парк Гуел (влезница + пратител од агенција)

Цена за пакет: 28 €

Фламенко шоу со пијалок

Цена за пакет: 55 €

Аквариум (влезница и претставник од агенција)

Цена за пакет: 35 €

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

509

EUR

сега од

459

EUR