Menu

8 Септември – БУДИМПЕШТА со ВИЕНА

цена од

179

EUR

сега од

139

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
05.09.2025
08.09.2025
Автобус
Хотел

Будимпешта-град со прекрасна местоположба за сонување кој ја покажува темпераментната визија на Истокот и на Западот, како и нивната магична халуцинација на убавината.

Главен град на Унгарија истовремено и главен индустриски, трговски и транспортен центар. Познат како Бисерот на Дунав кој нуди широк избор на туристички атракции. Градот окупатор на двата брега на реката Дунав, од десна страна брегот Буда, а од лева страна Обуда со Пешта. Име составено од три градови Обуда, Буда и Пешта кои формирале еден град, односно Будимпешта. Познат по своите бројни топли природни и вештачки извори кои датираат уште од 1934 година, му ја подарија титулата на “Градот на Бањите“.

Космополитско место на неочекувани, елегантни и фасцинантни предизвици. Иако денес Будимпешта е целосно во духот на Европа во неа се апсорбирани брановите на миграциите на етничките групи. Најпрво се доселиле Унгарците кои навлегле пред околу илјада години. Следни биле Турците, Германците, Словените, Евреите и Ромите, кои создале своја бујна култура која врие и денес.

Градот со душа си има своја пишана историја и еклектичен склоп на раскошна архитектура која се движи од барокот, до нео класичноста и високата уметност, a благодарение на тој раскош голем дел од центарот е прогласен како светско културно наследство

 

ПРОМО ЦЕНА 139Е ПО ЛИЦЕ ЗА ПРВИТЕ 15 ПРИЈАВЕНИ

Што е вклучено во цената

– Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,

– Сместување во хотел 3* во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,

– Професионален туристички придружник од агенцијата,

– Организација и реализација на аранжманот

Што не е вклучено во цената

– Факултативи

– Влезници за музеи и културно – историски споменици

– Патничко осигурување

– Доплата за еднокреветна соба 65 еур.

-Туристичка такса 2,5 € на ден , по лице (плаќање во агенција)

План и програма

ПРВ ДЕН (05.09.2025 - петок) - СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА

Состанок со групата во Скопјe во попладневните часови (околу 17 часот). Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

ВТОР ДЕН (06.09.2025 - сабота) – БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови посета на центарот на градот.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 

ТРЕТ ДЕН ( 07.09.2025 - недела)- БУДИМПЕШТА – ВИЕНА

Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални прошетки низ Будимпешта или можност за целодневна факултативна посета на Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург. Слободно време за индивидуални прошетки во центарот на Виена. Во договорено време враќање кон  Будимпешта. Ноќевање.

(08.09.2025 - понеделник) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување кон прекрасното градче Сенат Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби и кое е богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Следува разглед на градчето заедно со представникот од агенцијата…Слободно време  за индивидуални прошетки и  кафе . Во договорено време враќање назад во Будимпешта каде што следува крстарење со брод по Дунав (факултативно). По договор со претставникот, поаѓање за Скопје. Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.Пристигнување во Македонија.

Сместување

Хотел Атлантик 3*

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Разглед на Будимпешта со локален водич

Цена за пакет: 15е

Задолжителна факултатива ( уплата во агенција)

Крстарење со брод по Дунав

Цена за пакет: 25е

( Крстарење + чаша шампањ )

Посета на Виена

Цена за пакет: 45е

(Минимум 30 патника за реализација на факултативата)

Посета на Сент Андреа

Цена за пакет: 20е

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања