Menu

Вила Елена-Остров Крф,Лето 2026

цена од

231

EUR

сега од

93

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
22.05.2026
03.10.2026
Автобус
Вила

 

Крф – зелен медитерански рај со благородна душа

Крф, сместен во јонскиот архипелаг на северозападна Грција, е еден од најшармантните и најзелени грчки острови. Опкружен со тиркизни заливи, маслинови шуми и автентични селца, островот плени со својата комбинација од природна убавина, богата историја и елегантен, аристократски дух.

Познат по својата уникатна мешавина на грчко, венецијанско, француско и британско наследство, Крф нуди искуство исполнето со култура, уметност, архитектура, гастрономија и легенди. Старото градско јадро на Корфу е под заштита на UNESCO – со калдрмисани улички, монументални тврдини, убави плоштади и романтични логии кои ја раскажуваат приказната на островот.

Со идилични плажи, космополитска атмосфера, живописни рибарски пристаништа и топло гостопримство, Крф е совршен избор за семеен одмор, романтично патување, истражување и уживање во најдоброто од Јонското Mоре.

 

Што е вклучено во цената

  •  Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
  • Организиран превоз од Велес,Неготино,Смоквица,Гевгелија,Битола,Прилеп,Штип
  • 7 ноќевања 8 дена во вила Елена (цени по лице)
  • Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој

Што не е вклучено во цената

  •  Факултативни излети
  • Патничко осигурување
  • Клима
  • Туристичка такса (14 евра од студио за 7  ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во објектот)
  • Повратен билет за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)

План и програма

ПРВ ДЕН

Поаѓање ден предходно од терминот околу 22:00ч од Хотел Русија (за точно време на поаѓање добивате смс порака на 2 дена пред поаѓањето). Ноќно патување со попатни паузи и гранични и царински формалности. Пристигнување на пристаништето Игуменица во утринските часови и возење со траект до Остров Крф. Сместување во Вила Елена во 14:00ч по локално време.

 

ОСМИ ДЕН

Одјавување од Вила Елена во 09:00ч по локално време. Нашиот туристички представник ве известува за точно време на поаѓање од Ипсос кон пристаништето и враќање кон Македонија.

Сместување

Вила Елена

Вила Елена се наоѓа на островот Крф на 350м оддалеченост од плажа.Вилата располага со студиа за 2 лица и еден дуплекс за 4 лица.Студиата се на приземје и прв спрат.Опремени се со единечни кревети, мини кујна, фрижидерче, тоалет,клима уред (се доплаќа ). Во објектот нема лифт.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона

  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени, не и на промотивни цени
  •  При резервација задожително контактирајте на 071/227-847 или 071/227-837 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
    CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
    CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Дете од 0 до 2,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
  • Дете од 3 до 11,99 години кое користи сопствен лежај во 4 креветно студио или апартман плаќа 50% од редовната цена доколку има минимум уплата од 3 цели суми. Доколку во 4 креветно студио или апартман се сместени само 2 возрасни лица, за прво дете се наплаќа 3 цела сума, за второ дете 50% од редовната цена на аранжманот.
  • Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
  • За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
  • Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
  •  Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
  • За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)
  • За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А ЕСКЕЈП ТРАВЕЛ       
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Посета на плажата Глифада

Цена за пакет: 25e

Поаѓање во 10:00. Глифада е една од најпознатите и најубавите песочни плажи на островот Крф. Плажата има ситен златен песок и кристално чиста вода.
На плажата имате сè што ви е потребно (лежалки и чадори, ресторани, кафичи, барови на плажа, водени спортови).
За враќање се собираме на истото место каде што не остава автобусот.

Назад во Ипсос би биле околу 18:00 (во зависност од гужвите и сообраќајот).

ПАЛЕОКАСТРИЦА И МАНАСТИРОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Цена за пакет: 25e

Посета на еден од најубавите заливи на Островот Крф, и воедно во Европа, Палеокастрица. Место каде што ќе уживаме во природните убавини, ќе го посетиме манастирот на Пресвета Богородица, еден од најстарите манастири во Европа, ќе уживаме во една од најчистите води на Јонското море, а целиот ден ќе го заокружиме со преубав панорамски поглед на целиот залив, уживајќи со локалните благи специјалитети, фрапе или коктел, и секако, уживање на базен.

 

Поаѓање во 10:00 Среда, на пат кон плажата застануваме на фабриката Мавроматис каде што го има овошјето КУНКУАТ (тоа овошје расте само тука на островот Крф и уште на едно место во Шпанија) после фабриката продолжуваме кон Палеокастрица.
На плажата имате буквално се (ресторани, кафичи, педалинки, глисери, да рентате брод вие да го возите или да ве возат, има тура со бродче што ве вози под морето итн…).
Назад во Ипсос би биле во 18:00 (зависи од гужвите и сообраќајот)

Крстарење на 3диви плажи со скара

Цена за пакет: 45e

КРСТАРЕЊЕ НА 3 ДИВИ ПЛАЖИ
Поаѓање во 10:00 Вторник , треба да се собереме од спротивна страна на АБ маркетот (убаво би било 09:50/09:55 да бидеме таму за да не губиме време).
По тргнувањето посетуваме и се бањаме на 3 диви плажи до кои неможе да се стигне од копното.
На една од 3те плажи капетанот ќе ни припрема ручек (месо, колбаси, суфлаки, грчка салата, цазики, леб…) и неограничено пиење (вино, сок, вода…) само за време на ручекот (значи нема неограничено пиење од кога ќе се качиме на брод дур не се симнеме “ќе банкнотира гркот”) тоа ви е вклучено во цената

 

Сидари (Каналот на љубовта)

Цена за пакет: 25е

Поаѓање во 12:00 Четврток , на Сидари ќе бидеме до кај 18:40 бидејки во 19:00 треба да сме качени во автобусот кој ќе не носи до местото каде што ќе може да го видиме наајубавото зајдисонце на островот.
Таму сеа наоѓа и ресторантот 7 heaven (сигурно поголем дел сте слушнале за него).
Назад во Ипсос би биле околу 21/22:00

Мал Пакет- Глифада+Палеокастрица+Сидари

Цена за пакет: 70е

Голем пакет- Глифада+Палеокастрица+Сидари+Крстарење

Цена за пакет: 110е

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања