Menu

Пролом бања за 24-ти Мај 2026

цена од

189

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
23.05.2026
25.05.2026
Автобус
Хотел

Подарете си незаборавно доживување за продолжениот неработен викенд по повод 24-ти мај во Пролом Бања – вистинска оаза на мирот, здравјето и релаксацијата. Сместена на падините на планината Радан, оваа позната бања е дом на лековитата Пролом вода, чистиот планински воздух и природната енергија што веднаш ќе ве освежи и обнови. Уживајте во најбараниот велнес пакет, создаден за целосна релаксација на телото и духот. Совршено бегство од секојдневието, идеално за краток и исполнет викенд во природа – време посветено само на вас.

ПРОМО цена за резервации до 25.04.2026 – 169€/10.478ден

Редовна цена на аранжманот – 189€/12.338ден

Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд

Цена по лице за минимум 2 лица во соба

Што е вклучено во цената

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Сместување во Хотел Радан 3* во 1/2 соби на база 2 ноќевања (пролом вода во сите соби, ТВ, бањарки и фен за коса)

– Исхрана на база полн пансион појадок, ручек и вечера (сите 3 оброци на база шведска маса)

– Користење на услугите од Велнес Центар: затворен базен со Пролом вода, отворено – затворен базен со Пролом вода, сауна, солена соба, џакузи, парна бања, тепидариум

– Користење теретана и фитнес сала

– Користење сала за рекреација (биљард, пинг понг, пикадо)

– Организирана прошетка до црквата Лазарица со локален водич

– Туристичка такса

– Организација и реализација со туристички придружник

Што не е вклучено во цената

– Патничко и здравствено осигурување (индивидуално)

– Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница – 5€ (доплата на лице место)

– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)

– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање)

План и програма

ПРВ ДЕН 23.05.2026 (САБОТА)

Состанок на групата рано наутро во 05.30 часот на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски (кај пералните). Поаѓање за Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки попатни паузи за одмор и обавување на  царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања околу пладне, пречек од вработените на хотелот Радан и сместување по соби. Ручек. Слободно попладне за одмор, релаксација и користење на услугите од Велнес Центарот на хотелот. Вечера. Ноќевање.

ВТОР ДЕН 24.05.2026 (НЕДЕЛА)

Појадок. Ден предвиден за организирана посета со автобус и локалет водич (дококу временските услови се поволни) до локалитетот Ѓавола Варош, мистичен споменик на природата, околу кој се врзани повеќе легенди, споменикот е избран во ТОП 77 од изборот за најголемите чуда на природата. Враќање во хотел. Ручек. Можност за користење на СПА услугите на хотелот. Предлог: 30 минути во солена соба, 30 минути во сауна и ладен туш, релаксација во џакузи. Вечера. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 25.05.2026 (ПОНЕДЕЛНИК)

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Во 10 часот заминување на организирана прошетка низ Пролом Бања до единствената црква брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феноме, 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе.  Враќање во хотел. Заминување кон Македонија во пладневните часови. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки поапатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Скопје во вечерни часови.

Сместување

- Сместување во Хотел Радан 3* во 1/2 соби на база 2 ноќевања

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

– Дете 2-7год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање)  бесплатно во хотел плаќа само превоз 35€/2.170ден (на барање)

– Дете 7-12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) плаќа 50% од цената на аранжманот (на барање)

– Доплата за еднокреветна соба 30€/1.860ден (на барање)

– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)

– Доплата за дополнително седиште во автобус -45€/2.790ден

– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош или валидна лична карта.

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.

– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.

– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни соби за најмалку 2 лица во соба.

– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.

– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.

– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ и Ескејп Травел.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Излет до Ѓавола Варош

Цена за пакет: 5

Излет до Ѓавола Варош со локален водич со автобуски превоз и влезница – 5€ (доплата на лице место)  

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања