Положба
Хотелот се наоѓа во областа Evrenseki, на 45км од аеродромот во Анталија и 10км од Сиде и Манавгат.
Сместување
Вкупен број на соби 300. Стандардни соби 245(35m², една спална соба, едно купатило, макс.2+1лице), соби со кревети на спрат 45 (35m², една голема соба со брачен кревет+кревети на спрат, едно купатило, макс.2+2лица), фамилијарни соби 10 (50m², две одбоени соби со врата, 2 купатила, макс.4лица). Сите соби се со приватно купатило со када, фен, централен клима уред која работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со безалкохолни пијалоци и вода), сеф(се доплаќа), сателитска телевизија и музички канали, балкон.
Услуга
All inclusive – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, попладне торти, чај, кафе, вечераи полноќна супа, A’la Carte ресторани (Турски и Кинески) се со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во времетраење од еден час попладне,сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24.00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, пијалоци по 24.00 часот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, A’la Carte ресторани (Италијански и Рибен) се со претходна резервација и со доплата, послуга во соба, сите пијалоци во диско.
Содржина
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Турска кујна, Италијанска кујна, Кинеска кујна, Рибен ресторан со претходна резервација, лоби бар, бар за закуски, барови покрај базен и на плажа, диско. Доктор, услуга за перење, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, шопинг центар, изнајмување на автомобил се доплаќаат. WI-FI интернет конекција до 50mb е бесплатна во лоби.
Плажа
Хотелска приватна плажа, песочна со бесплатни лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа.
Спорт и Забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, Турска бања, сауна, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни. Масажа, спортови на вода, билијард, Wellness и центар за убавина се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот и навеечер. Мини клуб за деца од 04-15 години поделени во возрасни групи, игралиште, натпревари, мини диско навечер.