Menu

Божиќен базар во Нирнберг

цена од

499

EUR

сега од

459

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
29.11.2025
02.12.2025
Авион
Хотел

Божикниот базар во Нирнберг е еден од најстарите и најпознатите базари во Светот.
Постојат 1001 причина повторно да се заљубите во божиќниот град Нинберг. За некои тоа е вкусната арома на далечноисточни зачини во светски познатите нирнбершки слатки. За други тоа е нирнбершкиот Christkindlesmarkt, каде што можете да најдете стаклени украси за елка, рачно изработени ангели од златна фолија или оревокршачи направени од дрво. За љубителите на божиќната музика има многу висококвалитетни концерти, за страствените меѓународни купувачи има многу ексклузивни бутици и продавници со оригинални идеи за подароци, а за најмалите тука е детскиот Божиќ и Стерненхаус (Куќата на ѕвездите).

Што е вклучено во цената

  • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3*
  • Директен лет на релација Скопје –Нирнберг-Скопје
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба со димензии 40x25x20cm;( дозволено едно парче багаж )
  • Организирани трансфери: Аеродром Нирнберг– хотел – аеродром Нирнберг
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Факултативна посета на замокот Kaiserburg
  • Посета на музејот на играчки (Spielzeugmuseum)
  • Посета на куќата на Албрехт Дирер (Albrecht-Dürer-Haus)
  • Посета на Ротенбург над Таубер  (Rothenburg ob der Tauber) (билет за локален превоз воз вклучен во цената)
  • Посета на Документарниот центар (Nazi Party Rally Grounds)
  • Меморијален музеј на Нирнбершките процеси (Memorium Nürnberger Prozesse)

Што не е вклучено во цената

  • Доплата за кабински багаж до10кг (55 x 40 x 20 cm)– (информации во агенција )
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба (се плаќа на рецепција во хотел)

План и програма

1. ПРВ ДЕН (Сабота)- Скопје-Нирнберг

Состанок на групата на аеродромот Скопје во 15:00 часот. Време на полетување за Нирнберг е во 17:25 часот.
Пристигнување во Нирнберг и трансфер до хотел.
Сместување во хотел (3*/4*).
Прошетка до ценарот и посета на најстариот божиќниот базар во целиот свет кој датира од 1628 година во Нирнберг. Враќање во хотел. Ноќевање.

2.ВТОР ДЕН (Недела) - Историски и Културен Нирнберг

Појадок во хотел
Посета на замокот Kaiserburg – симболот на Нирнберг замокот што доминира над градот и нуди убави панорамски видици. Kaiserburg е царска тврдина, била империска резиденција на царевите во Светото Римско Царство во средниот век. Претставува симбол на моќта на царската власт и значењето на Нирнберг како плитички центар во тие времиња. Императорскиот дворец вклучва, Сина капела, Старата вода кула и градски зидини, прекрасен панорамски поглед на целиот град…- факултатива 9 евра комвинирана (Палас Доппелкапелле Каисебург Мусеум+дееп њалл синњелл тоњер)
Посета на музејот на играчки (Spielzeugmuseum)-факултатива- собира околу 85000 експонати од кои околу 5% се изложени, остатокот е во депо кое може да се разгледува виртуелно. Експонатите опфакаат играчки од Антика до денешни денови
Главниот плоштад (Hauptmarkt)е централен плоштад на старото градско јадро на Нирмберг, на овој плоштад се одрзува седмичен пазар, во Периодот на Божиќ , плоштадот се претвара во познатиот Christkindlesmarkt-впечатлив Божиќен Базар кој привлекува многу туристи, на плоштадот се наогаат важни знаменитости како Фонтаната Schöner Brunnen (увабата фонтана), Црквата Frauenkirche (Црквата на Богородица)
Пауза за ручек
Посета на куќата на Албрехт Дирер (Albrecht-Dürer-Haus), тоа е куќата на еден од најважните ренесансни уметници во Германија, куќата е сочувана од 16ти Век и денес функционира како Музеј, посветен на неговиот живот, уетноста и техниката – факултатива 7,50 евра возрасен деца 2,05 евра
Слободно попладне за индивидуални активности и шопинг
Вечера во ресторан со традиционална музика
Ноќевање во хотел

3.ТРЕТ ДЕН (Понеделник)- Rothenburg ob der Tauber

Појадок во хотел
Посета на Ротенбург над Таубер (со локален превоз воз), град во покраината Баварија (Баварски Франконија). Од неговото формирање во среден век добил статус на слободен Имериален град (Free Imperial City)
Во пешачката тура ке се видат знаментитоси на градодскиот зид и патеката на кулите, Свети Јаков, Божиќниот музеј Kathe Wohlfahrt Christmas Museum – Музејот во Хернгасе покажува како се славелo Божиќ во Германија и како во зависност од регионот, се појавиле различни обичаи. До 14 век, Божиќ бил претежно свештеничка прослава. После тоа, првите божиќни обичаи се развиле во средината на занаетчиските еснафи. Потоа, од 18 век, прославата се проширила и во приватните домови. Постојаната изложба прикажува предмети создадени помеѓу 1870 и 1950 година. Можете да видите божиќни елки, украси за божиќни елки и свеќи, држачи за божиќни елки, божиќни разгледници и хартиени сцени од раѓањето на Исус, светилки за божиќни елки, адвентски венци, божиќни календари и многу повеќе. Во соседното „Божиќно село“ можете да купите божиќни предмети од сите видови.

4.ЧЕТВРТ ДЕН (Вторник) - Нирнберг – помеѓу историјата и модерното време – заминување од Нирнберг

Појадок во хотел
Одјавување од хотел
Посета на Документациониот центар (Nazi Party Rally Grounds) по Германски –Reichsparteitagsgelande-) огромен комплекс кадешто нацистичката партија одржувала големи митинзи, собири (1927-1938)
Меморијален музеј на Нирнбершките процеси (Memorium Nürnberger Prozesse) е информативен и документарен центар посветен на судењата на главните нацистички злосторници во Втората Светска Војна
Слободно време за купување сувенири или кафе покрај реката Пегниц
Пауза за Ручек во близина на езерото Dutzendteich
Опционална посета и дегустација во локална пиварница
Враќање во Хотел – Трансфер до аеродром

Сместување

Хотел со 3* во Нирнберг

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел;
За еднокреветна соба се доплаќа 200 евра дополнително од цената на аранжманот

Деца до 11.99 години плаќаат 399е цена на аранжман
Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 22 патника;
За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Сите факултативни излети се вклучени во цената на аранжманот

Цена за пакет:

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

Нема пронајдени патувања