Menu

Christmas Market во Прага

цена од

469

EUR

сега од

419

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
19.12.2025
22.12.2025
Авион
Хотел

Прага – сместена во срцето на Европа, плени со својата  архитектура и традиција, Таа е значајна раскрсница на уметноста и науката. Главен град на Чешка, позната како златен град, град на стотици кули, град на мостови, град на пивото…

Лежи на брегот на реката В’ лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна).  Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела -Бедриж Сметана, Антониј Дворжак, Франц Кафка.

За сето ова го доловите и доживеете на магичен начин ве носиме во Прага на Божиќен базар.

Што е вклучено во цената

  • 3 ноќевања со појадок
  • Авионски билет  Скопје-Прага-Скопје
  • Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
  • Трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Посета на Карлови Вари со локален водич
  • Посета на Божиќен базар
  • Разглед на Прага со локален водич
  • Лиценциран туристички придружник за време на патувањето

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса 5е од ноќ од соба  ( се плаќа во агенција)
  • Индивидуални трошоци (влезници за музеите, билети за јавен транспорт)

План и програма

19.12.2025 ДЕН 1: СКОПЈЕ-ПРАГА

Средба на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. По пристигнувањето на аеродромот во Прага, по завршувањето на царинската формалност, трансфер до хотелот и сместување. Прошетка до ценарот и посета на божиќниот базар во Прага. Враќање во хотел.

Ноќевање.

20.12.2025, ДЕН 2: ПРАГА

Појадок.

После појадок, заминување со јавен превоз и пеш за обиколка на Чешката престолнина, Храдчани со најголемиот средновековен замок во светот; Прашкиот замок, Белведере, Претседателската палата, Катедралата Свети Вит, Базиликата Свети Ѓорѓи, Новата кралска палата и Розенберговата палата со можност за самостојна посета на Златната уличка. Преминување на Карловиот мост – една од најголемите знаменитости на Прага и идеално место за фотографирање. Прошетка низ центарот на градот до Староместске намести – најпознатиот и најубавиот плоштад во Прага опкружен со историски градби како што се познатиот Астрономски часовник, кој се смета за едно од најголемите богатства на Прага повеќе од 600 години, и црквата Тин, една од најимпресивните готски цркви во светот, која доминира во околината со своите две кули и висока 80 метри.

Слободно време за одмор и ручек во центарот на Прага.

Во попладневните часови препорачуваме крстарење по Влтава со водена разгледница од бродот. Додека бродот плови во близина на Еврејската четврт, ќе се прошетаме покрај Старата Нова Синагога – една од најстарите готски градби во Прага и Еврејските гробишта – место кое долго време ги привлекува сите мистици на Европа и едно од најважните историски знаменитости на Прага со многу легенди. Заминување кон хотелот и слободно време за релаксација. Вечерта препорачуваме вечера во еден од типичните прашки пабови и уживање во специјалитетите на чешката кујна. Ноќевање.

21.12.2025, ДЕН 3: КАРЛОВИ ВАРИ...ТОПЛА ВОДА...ОБЛАНДИ...БЕКЕРОВКА

Појадок.

По појадокот заминуваме за Карлови Вари, бајнски центар,мондемско место, колоритно гратче полно со историја и легенди…Посета на трите колонади, Термалниот извор или гејзер Вридло е природен феномен кој исфрла термална вода до 12 метри и 2000 литри во минута. Овој извор денес се користи за термални бањи, Изворот се наоѓа во внатрешноста на Колонадата на топлите извори, која првично била изградена во 1975 година, но подоцна била претворена во модерна зграда од стакло-бетон…Православната црква „Свети Петар и Павле“ е величествена градба изградена во византиски црковен стил. Надворешноста е импресивна поради нејзините пет позлатени куполи. Внатрешноста е богато украсена со декоративни фигури и ѕидни слики. Она што го привлекува вниманието на сите е дрвениот иконостас со слики во масло на светци, кој е изработен за Светската изложба во Париз во 1900 година…Слободно време за ручек…во договоено време со водичот се упатуваме кон Прага. Ноќевање.

22.12.2025, Ден 4: ПРАГА

Појадок…По појадокот, прошетка до Прага. Може да пробате сладок специјалитет trdelnik – вкусно печиво полнето со крем или сладолед или да се напиете од добро познатото чешко пиво за на крај да ја засладите оваа прошетка,се до превземање на трансферот од хотел до Аеродром…

Сместување

Хотел со 3* во Прага

Хотелот се објавува на неколку дена пред поаѓање во зависност од бројката на патници.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • Доплата за еднокреветна соба 120е дополнително од цената на аранжманот.
  • Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат 389е.
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

399

EUR

сега од

379

EUR