Menu

Christmas Market-ЉУБЉАНА И ЗАГРЕБ

цена од

359

EUR

сега од

319

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
18.12.2025
20.12.2025
Авион
Хотел

Во месецот на најубавите соништа , кога градовите блескаат во илјадници светилки, кога снегулките паѓаат по градските улици и воздухот мириса на цимет ,ванила и греено вино  а срцата се исполнуваат со празнична еуфорија – тогаш  Љубљана и Загреб стануваат вистинска зимска бајка. Замислете прошетка низ шармантните улички на Љубљана, каде реката Љубљаница е обвиена со светлосна магија , каде ќе ги слушнете веселите ѕвончиња на божиќните песни, ќе видите шарени штандови со рачно изработени подароци, ќе вкусите  традиционални слатки , печени костени, локален специјалитет – потица кој се прави само во овој период од годината , колбаси и богата улична храна и музика која ве кани да останете подлого . Но сепак посетителите може да ја доживеат празничната  магија на градот и од друг агол  –  со романтично бродче по реката Љубљаница.  Додека пловите низ градот , ќе уживате во панорамски поглед на осветлените мостови , стари згради и празнична еуфорија која се рефлектира во водата. Овој базар е една од причините зошто Љубљана ја нарекуваат и најромантичната престолнина во декември – вистинска дестинација за празнична еуфорија.

Но, вистинскиот врв на празничната еуфорија ве очекува во Загреб – градот кој неколкупати е прогласен за  најдобар божиќен базар во Европа. На плоштадот Бан Јелачиќ светлата играат како илјадници ѕвезди , а на  Крал Томислав Плоштад  ве чека една  од најубавите лизгалки на мраз во Европа на отворено  – момент што враќа во детството , со насмевка и  розови образи од зимскиот воздух . Шетајќи низ базарите, ќе ги пробате највкусните локални деликатеси, ќе наздравите со чаша греено вино  или фритули и ќе се препуштите во ритамот на добрата музика. Овде божиќнот базар не е само на едно место – целиот град е сцена оживеана со концерти, улични настапи, уникатни локации како тунелот Грич , претворен во светлосна галерија, секое маало, плоштад и парк нуди уникатно искуство , од романтични прошетки во парк Зрињевац до гламурозни концерти и автентична гастрономија.

Додека Љубљана е малечка, романтична и шармантна од друга страна Загреб е голема сцена на празничната радост. Комбинација на овие два града е како да имате две различни приказни во едно патување. Заедно создаваат совршено празнично патување што ќе ви остане во срцето засекогаш.

Што е вклучено во цената

*Автобуски трансфер  хотел Русија – Скопје аеродром – хотел Русија
*Директен лет на релација Скопје – Љубљана – Скопје
*Аеродромски такси
*Мала кабинска торба/ранец со димензии 40х30х20 цм-дозволено едно парче багаж до 8 кг
*Целодневна посета на Загреб со водич и трансфер
*Сместување во Хотел со 3 * во центар на Љубљана,  на база на 2 ноќи со појадок
*Разглед низ Љубљана со локален водич
*Организација на аранжманот и придружник за време на патувањето
*Автобуски трансфер Љубљана аеродром – хотел – Љубљана аеродром

Што не е вклучено во цената

*Доплата за кабински багаж до 10 кг , димензии 55х40х20 цм ( информации во агенција)
*Влезници за локалитети , музеи, замоци и слично ( не е вклучена карта за Љубљански З.)
*За еднокреветна соба се доплаќа 85 еур
*Туристичка такса од лице од ноќ 3.5 еур ( се плаќа на рецепција во хотел)

План и програма

ПРВ ДЕН 18.12.2024 ЧЕТВРТОК


Состанок на групата во 08:45 ч пред Хотел Русија и поаѓање према аеродромот во Скопје со организиран трансфер. Планирано полетување за Љубљана во 11:40 ч. Внимавајте на вашиот авионски багаш да е според дозволените димензии и килажа . Во спротивно доплаќате при самиот чек-ин на аеродром. Предвидено пристигнување  во Љубљана 13:10 ч . Организиран трансфер од аеродром до хотел во центарот на Љубљана. Сместување во хотел после 14:00 ч.
Собир на групата пред хотел и поаѓање на разглед низ Љубљана со локален водич. Пешачка обиколка на историскиот центар на градот  Љубљана, Змејскиот мост   најомилениот симбол на градот, изграден во 19 век, на кој има 4 змејови кои го претставуваат симболот на Љубљана,  катедралата Св. Николај – седиште на епархијата, Тромостие – познатите три пешачки моста на реката Љубљаница, Прешернов трг – главниот градски плоштад со споменик на Франц Прешерн, најголемиот словенечки поет, фрањевската црква или Црквата на Воведувањето на Пресвета Богородица која е уште еден симбол на градот , робовата Фонтана или Фонтаната на трите реки-најпозната фонтана од бел мермер, од овде сите заедно се упатуваме кон жичарата каде води до Љубљански Замок  кој се издига високо над градот. Станува збор за средновековен замок кој е сведок на славното минато на градот, но и доказ за тоа како старото и новото можат да функционираат во совршена симбиоза (за сите што сакаат да влезат се доплаќа карта на лице место) . По разгледот, слободно време за индивидуални активности и посета на божиќен базар покрај реката Љубљаница . Предлог – ноќно крстарење со брод низ реката Љубљаница. Ноќевање во Љубљана.

ВТОР ДЕН 19.12.2025 ПЕТОК


Појадок во хотел. После појадокот поаѓање  према Загреб (возење одприлика 2 часа ) . Пристигнување во Загреб и панорамски разглед на градот со локален водич. Се посетува  Катедралата на воскресението на Блажена Дева Марија – највисоката градба во Хрватска , Горен град – стар дел од градот со калдрма, Фуникуларот и панорама на Загреб – најкратката жичница што ги поврзува долен и горен град, Камена Порта, Улица Илица –  најдолга и најпозната улица со продавници, Плоштад Свети Марко . Посета на еден од најубавите божиќни базари во Европа :  прошетка низ Зрињевац , Бан Јелачиќ плоштад и Крал Томислав плоштад со лизгалка на мраз. По разгелдот слободни  време за уживање во базарите за празнична атмосфера со греено вино , локални деликатеси ,  музика и пазарење сувенири.
Во договорено време поаѓаме према Љубљана. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН 20.12.2025 САБОТА

Појадок во хотел.  Одјавување од хотел и поаѓање према аеродромот во Љубљана со организиран трансфер во 11 00 ч . Планирано полетување 13:45 ч а предвидено слетување во 15:15 ч во Скопје. Организиран трансфер од аеродром во Скопје до хотел Русија , крај на програма 16 30 ч.

Сместување

Хотел со 3*

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 30 патници.
  • Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош, комплетна доплата 15 дена пред поаѓање.
  • Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
  • Важност на патните документи мин. 3 месеци по завршувањето на патувањетo.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства.
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите следува рефундација.
  • Доплата за еднокреветна соба 85евра
  • Деца до 11,99 доколку се придружувани со 2 возрасни лица плаќаат се 290е
За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

469

EUR

сега од

419

EUR