Menu

НОВА 2026 ГОДИНА ВО МАДРИД

цена од

659

EUR

сега од

599

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.12.2025
03.01.2026
Авион
Хотел

МАДРИД познат по музеи, прометни улици испреплетени со секакви продавници, ресторани со светска кујна и непобедлив ноќен живот.
Ќе ве изненади со своите мирни историски места што ги шармираат сите што поминуваат покрај нив.
Кога е време за јадење, Мадрид има многу различни опции, секоја попривлечна од претходната.Од една страна, традиционални барови каде што можете да откриете точно што значи кастизо и зошто тапасите се толку популарни.
Автентичноста на Мадрид е тешко да се надмине. Тој е гостопримлив и разновиден. Мадрид , весел и жив во секое време, без сомнение, еден од најинтересните градови во Европа.

Што е вклучено во цената

  • Директен лет на релација Скопје – Мадрид – Скопје со авикомпанијата Wizz Air;
  • Аеродромски такси
  • Мала кабинска торба од (40 x 30 x 20 cm);
  • Организирани трансфери аеродром – хотел – аеродром;
  • Сместување во хотел 3*, 4 ноќевања со појадок;
  • Организирани прошетки според програматa;
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето;

Што не е вклучено во цената

  • Туристичка такса 5 € по лице на ноќ – се плаќа во хотел;
  • Доплата за еднокреветна соба 260 Еур.
  • Патничко осигурување;
  • Билети за јавен превоз со метро

План и програма

30.12.2025 - ПРВ ДЕН ( СКОПЈЕ - МАДРИД )

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 14:05 часот. Полетување кон Мадрид во 16:05 часот со директен лет на авиокомпанијата Wizz Air.
Пристигнување на аеродромот во 20:00 часот. По пасошка и царинска контрола следува трансфер до хотел. Сместување во хотел. Ноќевање.

31.12.2025 - ВТОР ДЕН ( МАДРИД )

Појадок. После појадокот се упатуваме на панорамско разгледување на градот.
Во модерниот дел од градот ќе ги видиме : 5те кули и останатите облакодери и споменици во Paseo de la Castellana како и стадионот Santiago Bernabeu, потоа Korida Ventas, плоштад Kolumba, паркот Retiro, улицата Paseo de Prado каде што се наоѓаат многубројните музеи, египетскиот храм Debot и поминување низ улицата Gran Via.
По завршување на панорамскиот разглед следува слободно време.
Во вечерните часови дочек на Нова Година на плоштад.
Индивидуално враќање во хотел.
Ноќевање.

01.01.2026 - ТРЕТ ДЕН ( МАДРИД - ТОЛЕДО )

Појадок. За денешниот ден преднвидена е факултативна посета на Толедо, регион познат по своите жолти пченични полиња, осамени замоци, ветерници и родното место на Дон Кихот. По едночасовно возење, пристигнуваме во Толедо, старата престолнина на Шпанија и еден од најубавите градови во оваа земја, изграден на рид.
Панорама од гледна точка на брегот на реката Тахо, панорама на палатата-тврдина Алказар; прошетка низ стариот град, карактеризиран со бројни згради кои се меѓу најубавите примери на мавританска и средновековна архитектура во Шпанија, но и град познат по производството на марципан.
Обиколка на готската катедрала (Catedral de Toledo), изградена во текот на три века, од XIII до XV век, обиколка на олтарот и ризницата каде што се наоѓаат платната и апостолатите на Ел Греко.
Во договорено време враќање назад во хотел.
Ноќевање.

02.01.2026 - ЧЕТВРТИ ДЕН ( МАДРИД - СЕГОВИЈА )

Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативно патување до Сеговија.
Сеговија се наоѓа во регионот Кастиља и Леон, на околу 180 км од Мадрид.
Главни карактеристики на градот се најдобро зачуваниот римски аквадукт, катедралата и замокот, за што Сеговија е вклучена во листата на светско културно наследство под заштита на УНЕСКО.
Карактеристичната панорама на овој град, чии згради се направени од теракота и варовник, се наоѓа на ридовите на Кастиља што ја опкружуваат Сиера де Гвадарама.
Обиколка на стариот дел од градот: Плаза Мајор, панорама на катедралата, Трг Св. Мартина, благороднички кварт со палати и цркви.
Обиколка на замокот Алказар и пауза за индивидуална обиколка и прошетка.
Во договорено време враќање назад во хотел.
Ноќевање.

03.01.2026 - ПЕТТИ ДЕН ( МАДРИД - СКОПЈЕ )

Појадок. Оставање на багажот во хотелот. Слободен ден за индивидуални активности како посета на трговската улица Gran Via или главниот парк на градот, Ретиро, каде се наоѓа величествениот споменик на Алфонсо XII и две прекрасни палати, Palacio de Velasquez и Palacio de Cristal (Кристална палата).
Индивидуално враќање во хотел.
Организиран трансфер до аеродром.
Полетување во 20:45ч.
Пристигнување на Скопскиот аеродром во 00:15ч.

Сместување

ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ 3*

Сместување во хотел 3* со вклучен појадок

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

Задолжително минимум една факултатива – пријавување во агенција!                     

  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот потребни се минимум пријавени 20 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на панорамски разглед на градот не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и слично.

 

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД СО ВОДИЧ

Цена за пакет: 45€

ПОСЕТА НА ТОЛЕДО СО ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР И ЛОКАЛЕН ВОДИЧ

Цена за пакет: 75€

ПОСЕТА НА СЕГОВИЈА СО ОРГАНИЗИРАН ТРАНСФЕР И ЛОКАЛЕН ВОДИЧ

Цена за пакет: 80€

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања