Menu

Нова Година во Сараево 2026-та

цена од

149

EUR

сега од

125

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
30.12.2025
02.01.2026
Автобус
Хотел

Дочек на Новата Година во Сараево. Тридневна екскурзија која ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина. Нашите ноќевања се во  Сараево и подгответе се да ги замислите Новогодишните желби под небото на Балканска Швајцарија.

Во продолжение програмата за Босна..

Што е вклучено во цената

-2 ноќевања со појадок во хотел

-Разглед на Сараево со локален водич

-Туристички придружник за време на патувањето

-Посета на Вишеград и Андриќград

-Автобуски превоз Скопје и Куманово

Што не е вклучено во цената

-Трансфер по градови Гевгелија,Битола,Прилеп,Неготино,Велес и Штип-10е во правец по лице

-Крстарење по Дрина– 10 евра од лице

-Босански пакет ( Бункерот на Тито, Јабланица, Врело Буна, Мостар и Босанските пирамиди) 90 евра

-Историски пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна и Мостар) 80 евра ( задолжителна)

-Туристичка такса – 2,50 евра од лице за две ноќевања (задолжително)

-Патничко осигурување

План и програма

Прв ден 30.12.2025 Вторник

Поаѓањето од Скопје е околу 22:30ч но патниците за точно време на поаѓање се известуваат на еден ден пред поаѓање.
Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.

Втор ден 31.12.2025 Среда

Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич.

Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принципхотел Европаавстро-унгарскиот делплоштадот Маршал Титоместото каде е формирана групата INDEXIБегова Џамија и Башчаршија.

Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градот.

Слободно време за ручек и разглед на Сараево, и упатување кон хотелот во договореното време.

Дочек на Нова 2026-та Година на плоштадот со луда забава

Трет ден 01.01.2025 Четвртак

Третиот ден започнува со појадок и во договорено време  започнуваме со целодневна екскурзија

Првото место за посета е Титов Бункер во местото Коњиц.

Групата ќе има можност да го посети местото Јабланица каде била одиграна Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ.
Исто така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год..

По посетата групата се упатува кон Врело Буна, се посетува втор најголем извор во Босна, кадешто извира вода од 40,000 л во секунда. Слободно време во договор со водич.

Во договорено време поаѓање кон Мостар. Разгледот на градот е со локален водич.
Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување.
Безброј, продавници, сувенирници богати со  бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата.
Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде.

Во Мостар има кварт  каде објектите се со шарени фасади што потсеќа на населбата Балат во Истанбул. Го нарекуват ‘’Мостарскиот Балат”.
Разгледот завршува под ,,Стари мост” и овој мост е симбол на градот.

Слободно време околу 3 часа.

Враќање во Сараево.
Посета на некој паб во австро-унгарскиот дел доколку има интерес од страна на групата.

 

 

Четврти ден 02.01.2026 Петок

По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди.
Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под  пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Се верува дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел.Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се продолжува кон Дрвенград. Сместено на ридот Межавник во паркот на природата Мокра Гора, точка на средба на две прекрасни српски планини Тара и Златибор, етно селото „Дрвенград“ е производ на фантазијата на филмскиот режисер Емир Кустурица и е изградено за сцени на неговиот филм “Животот е чудо “.Емил Костурица сакал да создаде град што ќе наликува на место каде што некогаш живееле луѓе, всушност никој не живеел. „Дрвенград“ има уметничка галерија, библиотека, кино наречено „Андерграунд“ по еден од најпознатите филмови на Кустурица, продавница за торти со домашни слатки, ресторан со традиционална српска кујна, продавница за сувенири итн. Постојат и улици именувани по кубанскиот револуционер Ернесто Че Гевара, аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона, српскиот актер Миодраг Петровиќ Шкаса и познатите филмски режисери Федерико Фелини и Ингмар Бергман. Една улица го носи името на Новак Џоковиќ, еден од најдобрите тенисери во светот. Слободно време за ручек и заминување кон Македонија.
Пристигнување во раните утрински часови.

Сместување

Хотелско сместување 3*

Сместувањето е во хотел 3* со вклучен појадок на база на шведска маса.

Името на хотелот патниците го дознаваат 2 дена пред поаѓање.

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Важно

Организатор на аранжманот е Ескејп Травел Агенси

-Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот

-Целосна уплата на аранжманот е 10 дена пред почетокот на истиот

-Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд

-Наплата на цена за деца до 11,99г-50% од редовната цена.

-За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника

-За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот

-Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или  хотелот

-Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред

датумот на започнување на истиот

-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите

-За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

-Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.

-Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, атвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на Ескејп Травел Агенси

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Врело Буна, Мостар и Босански пирамиди)

Цена за пакет: 90 евра

Крстарење по Дрина

Цена за пакет: 10 евра

Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Врело Буна, Мостар) Задолжителна факултатива

Цена за пакет: 80 евра

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања