Menu

Рим во Септември (27.09.2025 – 30.09.2025)

цена од

640

EUR

сега од

550

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:

Рим – Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање. Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно. Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела, и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација, тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.

Историјата на градот ја создавале императори,папи и цареви,а изгледот му го дале најеминентните архитекти и уметници.Рим ќе ве маѓепса со величенствените антички монументи,раскошни дворци,триумфални порти, колоритни плоштади,ренесансни фонтани,романтични фасади…

Рим – синоним за романса, СЕ е во името. Како што ќе Ви кажат Римјаните, кратко и јасно – ако го превртиш зборот „ROMA“ (италијанскиот збор за Рим), ќе добиеш „AMOR“ – што значи љубов.

Сите патишта водат кон воодушевувачкиот, неверојатно романтичен, спектакуларен и едноставно неповторлив – град кој едноставно ќе Ве остави без здив

Што е вклучено во цената

– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје со вклучени аеродромски такси.

– 3 ноќевања со појадок

– Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)

– Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром

– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

-Билети за јавен превоз

-Локален водич

 

Што не е вклучено во цената

Доплата за чекиран багаж – куфер до 10кг  / чекиран багаж – куфер до 20кг ·   -информација за цена 3 дена пред поаѓање

Туристичка такса (се плаќа во хотелот)

Влезница за Ватикан – 50e (по лице) задолжително пријавување и уплата во агенција

Влезници за музеите – 30e (по лице) Колосеум и гробницата на Св. Кирил, пријавување и уплата во агенција

 

План и програма

27 Септември (сабота) СКОПЈЕ - РИМ

Состанок на групата на скопскиот аеродром во 09:30 часот. Лет за Рим во 11:35ч. Пристигнување во Рим во 13:20 часот. Трансфер до хотелот. Сместување.

Прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Прошетка Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим..Во поплдневните часови слободно време. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

28 Септември (недела) РИМ - (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил и Колосеумот)

Појадок. Посета на Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил прошетката продолжува покрај Колосеумот.Факултативно – Антички Рим – со влез во Римскиот форум и Колосеум, со локален водич (траење околу 4 часа). Слободно време за инфивидуални активности во градот Рим. Враќање во хотел. Ноќевање.

29 Септември (понеделник) ВАТИКАН - НАВОНА

Појадок. Факултативна посета на Ватикан со метро, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Систинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Ноќевање.

30 Септември (Вторник) РИМ - СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите. Трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје  во 13:55. Пристигнување во Скопје во 16:55 часот.

Сместување

Хотел 3* во Рим

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел;
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 23 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. EСКЕЈП ТРАВЕЛ

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

399

EUR

сега од

379

EUR