Menu

Тоскана во Октомври (02.10.2025-05.10.2025)

цена од

599

EUR

сега од

519

EUR

Поаѓање:
Враќање:
Дестинација:
Превоз:
Сместување:
02.10.2025
05.10.2025
Авион
Хотел

Еден од најголемите и најважни региони во Италија поради своето културно-историско и уметничко наследство. Сместена во Централна Италија, на северозапад се граничи со Лигурија, на север со Емилија-Ромања, на исток со Марке и Умбрија, на југ со Лацио. Тоскана важи за родно место на Ренесансата, позната е по вината, а живописните стари градови и пејсажи ја прават привлечна за илјадниците туристи кои ја посетуваат од целиот свет. Овој Октомври, ЕТА ве води на едно незаборавно патување

Што е вклучено во цената

*Авионски билет на релација Тирана – Пиза – Тирана

* Организиран трансфер Скопје – Тирана – Скопје

*3 ноќевања со појадок во хотел со 3* во Пиза

*Рачен Багаж

*Трансфер од аеродром до хотел и назад

*Посета на Сан Џимињано

*Посета на Фиренца

*Професионален туристички прридружник за целото патување

Што не е вклучено во цената

*Патнчко осигурување

*Чекиран багаж

*Индивидуални трошоци

*Туристичка такса (6 евра по лице по ноќ – се плаќа во агенција)

План и програма

ПРВ ДЕН - 02.10.2025

Поаѓање од Скопје околу 11ч. со организиран трансфер до аеродромот во Тирана. Полетување кон Пиза во 17:10. По пристигнувањето во Пиза, организиран трансфер до хотел. Сместување и слободно време за индивидуални активности.

ВТОР ДЕН - 03.10.2025

По појадокот во хотел, се упатуваме кон Сан Џимињано, типично тосканско ридско градче, лоцирано југозападно од Фиренца. Опкружен со ѕидови од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Градот на Убавите кули од 1990год. заради своето богато историско и културно значење е под заштита на УНЕСКО. Сан Џимињано им нуди на посетителите можност да се вратат назад во времето додека уживаат во неговите локални производи, вклучувајќи производи со шафран, одлично црвено и бело тосанско вино и оригинални тоскански десерти. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договорено време со водичот враќање во Пиза. Во попладневните часови, прошека низ Пиза, еден од најубавите градови во цела Тоскана, Piazza dei Miracoli или Плоштадот на Чудата, заедно со Катедралата Il Duomo, Крстилиницата Свети Јован San Giovanni и познатиот симбол на Пиза, Кривата кула. Слободно време за индивидуални активности, прошетки и фотографирање. Враќање во хотел. Ноќевање.

ТРЕТ ДЕН - 04.10.2025

По појадокот, се упатуваме на целодневна посета кон центарот на Тоскана, главниот град на република Фиорентина, Фиренца. Градот каде започнува ренесансата, градот на познатата фамилија Медичи, музејот на отворено, со Piazza della Signoria, познатата катедрала Santa Maria del Fiore, Ponte Vecchio и многу други места кои се значаен дел од историјата. Во договорено време со водичот во попладневните часови, се упатуваме назад кон хотелот во Пиза. Слободно време за индивидуални актиности. Ноќевање.

ЧЕТВРТИ ДЕН - 05.10.2025

Рано одјавување од хотелот и трансфер до аеродромот во Пиза. Полетување кон Тирана во 09:50. По слетувањето, организиран трансфер до Скопје.

Сместување

Хотел La Riviera 3*

Резервирајте online веднаш

КЛИКНЕТЕ НА САКАНИОТ ТЕРМИН ЗА ДА ГИ ВИДИТЕ ЦЕНИТЕ

Цени

Важно

  • Организатор на аранжманот е Т.А. Ескејп Травел;
  • За еднокреветна соба се доплаќа 90 евра
  • Резервација се прави со уплата на 30 % од вкупниот износ на аранжманот;
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот;
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари;
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 23 патника;
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот,
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот во случај на промена на цената на превозот или хотелот;
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 5 дена пред датумот на започнување на истиот;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите;
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици;
  • Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на реализација на програмата;
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пример: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвидени за посета и слично.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. EСКЕЈП ТРАВЕЛ

За уплата
6.000 - 9.000 ден
Cashback

400 ден

За уплата
9.000 - 12.000 ден
Cashback

600 ден

За уплата
12.000 - 15.000 ден
Cashback

800 ден

За уплата
15.000 - 18.000 ден
Cashback

1000 ден

За уплата
18.000 - 21.000 ден
Cashback

1200 ден

За уплата
21.000 - 24.000 ден
Cashback

1400 ден

За уплата
24.000 - 27.000 ден
Cashback

1600 ден

За уплата
27.000 - 30.000 ден
Cashback

1800 ден

За уплата
30.000 - 33.000 ден
Cashback

2000 ден

За уплата
33.000 - 36.000 ден
Cashback

2200 ден

За уплата
36.000 - 39.000 ден
Cashback

2400 ден

За уплата
39.000 - 42.000 ден
Cashback

2600 ден

За уплата
42.000 - 45.000 ден
Cashback

2800 ден

За уплата
45.000 - 65.000 ден
Cashback

3300 ден

За уплата
65.000 - 85.000 ден
Cashback

3700 ден

За уплата
над 85.000 ден
Cashback

4100 ден

Факултативни излети

Фотографии кои раскажуваат

Локација на сместувањето

Општи услови

Слични патувања

цена од

399

EUR

сега од

379

EUR